Откако и официјално си замина од Шкупи, каде што беше еден од најдобрите во изминатите две сезони, Владица Брдаровски во моментов е слободен играч. Неговото име се поврзуваше со неколку клубово, но засега тој тренира со Вардар, со својот некогашен клуб каде што беше од 2015 до 2020 година.
Дали на повидок е негово враќање во редовите на нашиот најтрофеен клуб или само тренира да биде во форма, останува да видиме што ќе се случува во наредните денови.