Шкупи го одработи последниот тренинг на литванско тло пред утрешниот меч против локалниот Хегелман во првото квалификациско коло во Лигата на конференции. Проблем се појави со визата со Вахид Хамиди, но тренерот Чихат Арслан верува во останатите и максимум издание на мечот.
„Пред се, морам да кажам дека ни претстои тежок натпревар, пред нас имаме новоформирана екипа која стигна до европските натпреварувања, екипа која сака да биде успешна во Европа.
Сакаме да постигнеме добар резултат на теренот. Инаку, имавме проблем, Валид Хамид не можеше да дојде со нас бидејќи потребните институции не му дадоа виза. Мислам дека политиката треба да држи настрана од спортот. Валид не е со нас овде, жал ни е поради тоа. Но играчите кои ќе ги избереме ќе го покријат местото на Валид, додека ние ќе излеземе на терен за да победиме“, изјави Арслан.
За утрешниот натпревар зборуваше и капитенот и голман на тимот, Артан Иљази: „Утре имаме тежок натпревар, нормално ние како екипа сме максимално подготвени за мечот и се надевам дека со позитивен резултат ќе се вратиме во Скопје“.
Натпреварот Хегелман – Скопје се игра во четврток со почеток во 19 часот во Каунас.