Теа Митрева повторно ќе го носи дресот на Бадел 1862. 23-годишната кошаркарка по една сезона мината во тимот на МЗТ Скопје одлучи да се врати во старото „јато“.
Раководството на клубот и Митева потпишаа еднагодишна соработка, а таа е прво засилување во редовите на поранешниот македонски првак.
Бадел 1862 покрај градење на сениорскиот тим и предизвикот во домашното првенство, во новата сезона со својот тим до 17 години повторно ќе игра во јадранското натпреварување. Таму за противник ќе ги има Бановиќи, Старт Тузал, Џампер, Будуќност, Дуга, Будуќност Бемакс, С.Старс и Вардар.