Барди пред трансфер во Серија А?!

2102

Енис Барди, барем такви се денешните информации, би можел следната сезона да игра во Серија А и тоа во тимот на Торино. Имено како што се вели, клубот од Торино испратил понудат до Трабзон со цел македонскиот репрезентативец да го ангажира како позајмен играч, а потоа и да го откупи.

Сега се чека на потегот на Трабзонспор, како тој ќе одговори на оваа понуда,.

Инаку не е тајна, а тоа Барди го истакнал во повеќе наврати, дека негова желба е да остане во Трабзон, но секако дека настапот во Серија А е голем предизвик и за него.

ПретходноРК Алкалоид во Хрватска ќе ја темпира формата во пресрет на европските настапи!
Следно“Бомбардерот“ Ибраими: Струга ТЛ на реваншот против Жалгирис треба да биде мудра и паметна!