“Бомбардерот“ Ибраими: Струга ТЛ на реваншот против Жалгирис треба да биде мудра и паметна!

326

Во вторник од 17 часот на СРЦ “Билјанини Извори“ во Охрид закажан е реваншот од 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите и тоа меѓу Струга ТЛ и Жалгирис.

Во пресрет на вторите 90 минути од овој двомеч, секако дека сега шансите се на страната на нашиот шампион, кој во вторникот во Вилнус, на првиот меч одигра 0:0.

За пласман понатаму секако дека се потребни голови, или еден гол за победа од 1:0, а за головите е задолжен а кој друг ако не “бомбардерот“ Бесарт Ибраими, кој го “брка“ својот 20-ти гол на евро сцената.

Мораме да бидеме свесни дека играме против една силна екипа. Не смее да не фаќа еуфорија по тој прв меч кога одигравме навистина добро и успеавме да дојдеме до 0:0. Сега Струга ТЛ треба да биде мудра, паметна, секоја своја шанса максимално да ја искористи. Играме пред својата публика, очекувам поддршка и очекувам и посакувам победа и наш пласман во следната фаза. Ќе бидам пресреќен ако постигнам гол, но сега не е важно кој ќе биде стрелец за Струга ТЛ, нека постигне било кој само ние да победиме“ изјави за “Спортмедиа“ Бесарт Ибраими.

ПретходноБарди пред трансфер во Серија А?!
СледноРафа со честитки за Карлитос: Уживај во моментот шампионе!