Ивановски елиминиран на стартот од фјучрсот во Австрија

69

Македонскиот тенисер Калин Ивановски го заврши настапот на фјучрс турнирот во австрискиот град Тефлс што се игра за награден фонд од 25.000 долари. Тој во мечот од првото коло загуби од Швајцарецот Никола Парициа (24 год., 888 место на АТП) со 2-0 во сетови (76(3) 63) за безмалку два часа игра.

Македонскиот тенисер (беше рангиран како трет носител) мечот го почна како што можеше да се посака со брејк во вториот гем и водство потоа од 3:0, но противникот веднаш направи брејк и изедначи на 3:3. Во следните гемови тенисерот на сервис го освојуваше гемот и првиот сет се решаваше во тај брекот. Парициа поведе со 3:0 и со 6:1 на поени и на крајот со 7:3 на поени го доби првиот сет.

Во вториот сет имаше само еден брејк и го направи швајцарскиот тенисер во шестиот гем кога поведе со 4:2, а потоа и со 5:2 што се покажа како решавачко бидејќи сетот го заврши со 6:3 во гемови.

Следната недела Ивановски е пријавен да игра на фјучрс турнир во австрискиот град Крамсах.

ПретходноСтруга ТЛ ќе го напаѓа Жалгирис, македонски клуб никогаш не бил елиминиран од литвански!
СледноБекер: Ова е голем удар за Ѓоковиќ, имаме нов крал