Вардар 1961 ги најави плановите и промените за новата сезона. Како што најавивме Борко Ристовски ќе биде новиот извршен директор на клубот. Поранешниот македонски репрезентативен голман, Борко Ристовски става крај на својата играчка кариера и како што претходно најави ќе се погрижи клубот да продолжи да расте.
„Борко е наша легенда во ракомет, неговата кариера завршува и тој се гледа во раководни структури и ќе биде нов извршен директор“, потврди Михајло Михајловски на официјалната прес-конференција.
Стојанче Стоилов исто така става крај на својата играчка кариера и тој ќе биде помошник тренер на Владо Недановски. Легендата на „црвено-црните“ останува да вложува во својот клуб каде што израсна.
„Стојанче Стоилов се откажува на некој начин од својата играчка кариера ќе биде помошник на Недановски, а ќе биде координатор во младинските екипи“, рече Михајловски.