Шампионот тргна со подготовките за новата возбудлива европска сезона (ФОТО)

169

Шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер со денешниот работен состанок и прв тренинг означи почеток на сезоната 2023/24. Тренерот Александар Јовиќ, стручниот тим менаџер Звонко Шундовски и ракометаритр ја одработија првата тренинг сесија во спортската сала „Боро Чурлевски“.

На прозивката беа присутни новајлиите: Борзаш, Нилсен, Петровиќ, Ѓорѓовски и Цехте.

Утре во 8:30 часот изутрина експедицијата на Пелистер заминува на базични подготовки во Маврово, каде ќе работи на дваесет тренинг сесии до први август, кога е предвидено враќање во Битола.

Втората фаза на подготовки македонскиот првак ќе ја реализира во Битола на почетокот на месец август. Од средината на август следуваат турнирските натпревари: Добој (14-18 август), битолчани се во група А заедно со Слога Добој (БиХ), Монпелје (Франција), Ал-Ахли (Египет).

Следи турнирот во Охрид (23-26 август) каде Пелистер ќе игра против Металопластика Шабац (Србија), Татран Прешов (Словачка), Бутел Скопје (Скопје).

Официјални натпревари: Суперкуп на Македонија: Еурофарм Пелистер – Вардар 1961 (не е дефиниран термин), Суперлига – прво коло: Вардар 1961 – Еурофарм Пелистер (9/10 септември) Лига на шампиони – прво коло: Еурофарм Пелистер – Колштад (13/14 септември).

Повикани ракометари за подготовките во Маврово: Урбан Лесјак Марко Кизиќ Петар Атанасијевиќ Цветан Кузманоски Руди Сери Урош Борзаш Дарко Стевановиќ Емилијан Ѓорговски Марио Танкоски Каспер Кисум Вилсон Дејвис Павле Атанасијевиќ Најц Цехте Павле Петровиќ Ненад Костески Жарко Пешевски Андреас Јохан Нилсен Денис Васиљев.

Нов играчи:  Урош Борзаш (Елверум), Нејц Цехте (ГОГ Гудме), Андреас Јохан Нилсен (Морс), Павле Петровиќ, Емилијан Ѓорговски (Еурофарм Пелистер 2)

Заминаа: Себастијан Хенеберг (Фредериција), Мохамед Суси (Ал Салмија), Усама Хосни (Ал Араби), Гоце Ојлески, Милорад Кукоски (Охрид), Мартин Велковски (Алкалоид), Мирко Радовиќ (Ловќен)

ПретходноГоце Георгиевски е новиот капитен на Вардар 1961!
СледноЈовиќ: Ќе сториме сè за достојно да го претставиме нашиот клуб и град во Лигата на шампионите