Советниците во Град Скопје едногласно ја изгласаа иницијативата да се додели помош на ФК Вардар. Иницијативата ja достави советникот Никола Пановски од ЛПД, а за неa гласаа мнозинството советници.
И официјално Град Скопје ќе му помогне на ФК Вардар. Поточно, предмалку како петта точка на дневниот ред, советниците на Град Скопје ја изгласаа иницијативата за финансиска помош на ФК Вардар поднесена од советникот на ЛДП, Никола Пановски, со што и официјално градската власт реши да му помогне на ФК Вардар.
Поточно, советниците од сите политички партии гласаа „ЗА“ помош на ФК Вардар и автоматски и наложија на градоначалничката Данела Арсовска да најде средства во буџетот, односно да ги пренамени и да му помогне на најголемиот спортски бренд во Македонија.
Град Скопје како основач на ФК Вардар има полно право и обврска да му помогне на клубот во овие клучни моменти од неговото функционирање, кога освен навивачката група Комити, сите останати буквално кренаа раце од него.
Советот ја задолжи градоначалничката Данела Арсовска да одреди колку пари Градот може да издвои за клубот и потоа тој предлог да биде доставен како точка на дневен ред на наредна седница.