Дуро: Максимална почит за Будуќност, но ние сме фаворити

176

Македонскиот шампион Струга Трим Лум утре во Охрид против Будуќност ќе го одиграат првиот меч од 2. Квалификациски коло во Конференциската лига. Во пресрет на мечот со Црногорците, денеска на прес-конференцијата тренерот на стружани Шпетим Дуро зборуваше за очекувањата од првата средба.

„Физички немавме никакви проблеми по мечот со Жалгирис, но повеќе работевме психолошки со тимот. Натпреварот што го загубивме со 2:1 во тие 5 минути многу не повредија, бидејќи во однос на развојот на играта тимот одигра многу добро, дури и со анализите што ги направивме, односно во сите аспекти бевме подобри од противникот. Сега забораваме на таа средба, сега треба да се фокусираме на утрешниот натпревар против Будуќност. Деновиве се обидовме да дојдеме до информации преку видеата од нивните последни натпревари кои ги одиграа. Имам максимална почит за Будуќност, бидејќи тоа е екипа со традиција во Црна Гора, екипа која има историја и има одиграно стотици меѓународни натпревари. Додека една од најдобрите екипи од Црна Гора е и шампион, нашата почит кон Будуќност е максимална. Вистина е дека треба да ја имаме улогата на фаворити, особено гледајќи го настапот на тимот на двата меча против Жалгирис“, изјави Дуро.

Средбата на стадионот „Билјанини Извори е на програмата утре од 17 часот.

ПретходноЈокиќ веќе го нема најбогатиот договор во НБА: Браун потпиша за 304 милиони долари!
СледноИ Бутел ги започна подготовките за новата сезона