Во натпревар со многу шанси за голови, новиот прволигаш Воска Спорт со 3:1 славеше на денешниот пријателски меч против екипата на Елбасан.
Воска поведе со голот на Нигериецот Сикиру Олатунбосун, кој наскоро треба да биде преставен како ново засилување за охридскиот состав. Во текот на првото полувреме Воска постигна уште еден гол, дело на Алекса Марушиќ, по што на одмор замина со водство од 2:1.
Третиот гол за охридскиот прволигаш го постигна Марушиќ во второто полувреме за конечни 3:1. За Воска следниот пријателски меч е против екипата на Фуше од Косово.