Процесот на продажба на Манчестер Јунајтед е практично ставен на „пауза“, при што ниту еден од двајцата кандидати за купување на клубот – Сер Џим Ретклиф и шеикот Џасим бин Хамад ал-Тани немаат точна информација ниту комуникација за тоа што се случува со нивните официјално поднесени понуди. Ова го пренесува „Manchester Evening News“ од добро инволвиран извор во целиот процес. Тврдењата се дека барем еден од Џоел и Абрахам Глејзер, а можеби и двајцата, биле разочарани од износот на понудите, бидејќи очекувале тие да бидат многу поголеми.
Двајцата американски милијардери веруваат дека новиот ТВ договор од Премиер лигата, новиот формат на Лигата на Шампионите и растот на интересот за англискиот фудбал ќе стават само дополнителна вредност во наредните години, како на Лигата така и на вредноста на самиот клуб.
Веќе беше објавено дека Глејзерс ставиле цена на клубот од 6 милијарди фунти, што на крајот не беше исполнето со ниту една понуда.