Играчот од средниот ред Јован Николиќ е новиот фудбалер на дебитантот во македонската елитна лига Воска спорт. Николиќ доаѓа од Сутјеска Никшиќ и тоа после три натпревари во ЛК и еден во првенството, а со Воска потпиша двегодишен договор.
Се работи за искусен фудбалер кој освоил четири титули во Малезија, една со Сутјеска во Црна Гора како и два Купа на Црна Гора со истата екипа, а уште еден куп трофеј со Младост Подгорица.
Николиќ одиграл 259 меча во Малезија, а кратко бил и во Партизани од Тирана.