Е. Пелистер 2 го договорил најталентираниот босански ракометар!

244

Е. Пелистер 2 го договорил најталентираниот ракометар од БиХ, Алем Хаџиќ. Тоа го пренесуваат медиумите од БиХ. Хаџиќ важи за еден од најталентираните ракометари во Европа, со своите 16 години тој е вистинско ракометно богатство. Се разбира дека ова е добар потег на управата на битолчани, ако Хаџиќ успее да се наметне во вториот тим на Пелистер тогаш секако дека во блиска иднина ќе игра и за првиот тим, за нашиот шампион.

Инаку Хаџиќ веќе се претстави на македонската ракометна сцена. Тој беше дел од тимот на Коњух, тим кој што учествуваше на меморијалниот турнир “Марко Божиновски“, на кој Хаџиќ беше прогласен за најдобар играч.

ПретходноДа навиваме за Македонија: Почна продажбата на билетите за ЕП во одбојка во Скопје!
СледноНаполи смирува, повредата на Кварацкелиа не е сериозна