Милер ја критикуваше тактиката на Лев

352

Германија настапот на ЕУРО го заврши во осминафиналето, откако беше елиминирана од Англија, загуби со 2-0. Томас Милер имаше вистинска шанса да израмни на 1-1, но промаши цел гол.

По турнирот, германската селекција доби нов селектор, на местото на Лев доаѓа Ханси Флик.

Во меѓувреме Милер јавно ја критикуваше тактиката на сега веќе екс-предводникот.

„Нашата фиксација да не непримиме на гол, користејќи компактна и дефанзивна стратегија на чекање е причината што не успеавме на Еуро“, изјави Милер.

ПретходноЃока: Подготвени сме да „отвориме“ во Европа на добар начин
СледноСпинацола успешно опериран: Ви благодарам на поддршката