„Паненка“ за плеј-оф: Има само еден мајстор – БЕСАРТ ИБРАИМИ! (ВИДЕО)

1170

Еден и единствен – Бесарт Ибраими. Или Ибраими – Есперанж 3:1.Тоа е епилогот од првиот дуел од двомечот меѓу Струга ТЛ и Есперанж од 3.квалификациско коло во ЛК, кој попаднево се одигра на ФФМ.

Маестро Бесарт, кој сето ова го зачини со “паненка“ од пенал во 77.минута за 3:1, мајсторот постигна хет-трик.

Ова е одличен резултат пред реваншот во Луксембург за седум дена. Дали таа “паненка“ за 3:1 ќе биде доволна за пласман на стружани во плеј – офот, останува да се види следниот четврток.

Почетокот на мечот беше мирен, се играше тактички, како и двете екипи да ги испитуваа силите. Да, Струга ТЛ ја имаше иницијативата, но немаше шанси за нашиот тим.

И така беше се до 20.минута кога Ибраими влета во шанса, но судиите покажаа офсајд, иако тоа беше никако.

Затоа во 22.минута токму Ибраими го искористи комичниот кикс на Чекановиќ, голманот на Есперанж и мирно ја погоди празната мрежа на гостите.

Десетина минути подоцна одново Бесарт во акција, шутираше од 25 метри од слободен удар, но сега Чекановиќ фантастично брани.

Во 39.минута удвојување на водството. Ибраими беше фаулиран во гостинскиот шеснаесетник, секако тоа беше пенал а “бомбардерот“ на стружани не ја пропушти оваа шанса за 2:0. Резултат со кој се замина на пауза, иако мораме да напоменеме дека Есперанж имаше две убави шанси по ударите на Екофо и Синани, но сепак Ќосевски одлично одбрани.

Полувреме: Ибраими си го “делка“ Есперанж, Струга ТЛ води со 2:0! (ВИДЕО)

НЕ, НЕ, НЕ… САМО ШТО ПОЧНА ВТОРОТО ПОЛУВРЕМЕ ГОСТИТЕ НАМАЛИЈА

Катастрофален старт на второто полувреме. Минаа само неколку секунди, од првата акција на гостите тие преку Штолц намалија на 2:1. Не можеше полошо.

Се разбира дека ова делуваше шокантно на играчите на Струга ТЛ, но како што одминуваше времето, тие се повеќе “влегоа“ во второто полувреме.

Штета, ова не им требаше, никако.

Секако дека се виде дека Струга ТЛ ќе си има проблеми, гостите ја презедоа иницијативата, додека нашиот тим од контри се обидуваше да дојде до трет гол.

Во 66.минута Укпа можеше и мораше да погоди, имаше зицер, но Чекановиќ одбрани.

Но затоа тука е Бесарт Ибраими. Повторно фаул врз него, повторно пенал и нов, трет гол за Бесарт за 3:1.

И тоа со “паненка“. Браво.

Браво мајсторе. Секоја чест.

3.квалификациско коло во ЛК (прв меч)

СТРУГА ТЛ – ЕСПЕРАНЖ     3:1 (2:0)

Стадион на ФФМ во Скопје. Судија: Јакоб Александер Сундберг (ДАН). Стрелци: Ибраими 22., 39. (п), 76 (п). (СТР),Штолц 46. (ЕСП). Ж. Картони: Радиќ, Кривањева, Бојку, Шабани (СТР), Делгадо, Чекановиќ (ЕСП).

СТРУГА ТЛ:Ќосевски, Незири, Радиќ, Кривањева, Малиќи (46. Укпа), Бојку, Шабани (90. Јахја), Згуро, Радески (87. Јаровиќ), Мазрекај (80. Таири), Ибраими (87. Касами).

ЕСПЕРАНЖ: Чекановиќ, Екофо, Хаиме, Скендеровиќ (46. Делгадо), Мартинс, Ајонго, Морен (61. Симон), Коутуриер (81. Матијас), Спрудс (61. Ноувие), Синани (46. Акхалаиа), Штолц.

ПретходноСимеоне во Атлетико е платен 35 милиони евра, па затоа ги одбил саудијците кои му нуделе 40 милиони!
СледноВака се игра во Европа: Како Струга нема друга и …БЕСАРТ ФАНТАСТИКО! (ФОТО)