Струга ТЛ со совлада Есперанш со 3:1 во првиот дуел од 3.квалификациско коло од Лигата на конференции. Македонскиот првак има одлична предност пред реваншот за седум дена во Луксембург.
Тренерот Шпетим Дуро беше задоволен од мечот, а предупреди дека работата не е завршена.
„Заслужено победивме. Резултатот е реален. Во првото полувреме бевме многу подобри. Во вториот дел не почна како што посакувавме, но како што одминуваше времено играчите се подобрија и мислам дека стигнавме до заслужена победа. Одигравме добро, меѓутоа ништо не е говоро. Работата мора да ја завршиме на реваншот во Луксембург“, изјави Дуро.