Фудбалерите на Милан со победа ја отворија новата сезона во Италија, откако со 2:0 на гости ја победија Болоња во првото коло од италијанската Серија А.
Кристијан Пулишиќ, очигледно, ќе биде откритието на Милан за оваа сезона, откако репрезентативецот на САД беше исклучително расположен за игра. Во 11. минута по негова асистенција, Жиру погоди за 1:0, а со прекрасен гол 10-тина минути подоцна, Пулишиќ ги постави и конечните 2:0.
Болоња, немаше среќа да постигне гол, а лесно можеше да погоди уште во првата минута кога Ликојанис ја погоди гредата.