Васоски е нов тренер на Вардар, Ѓоко Хаџиевски ќе биде нов спортски директор

1784

Смените во ФК Вардар кога станува збор за тренерското место односно местото спортски директор добиваат свој финиш откако денеска, најдоцна утре, Александар Васоски ќе биде назначен за нов шеф на стручен штаб. Стратегот го презема местото на досегашниот тренер Боба Грнчаров, кој си замина, заедно со спортскиот директор Александар Бајевски.

Функцијата пак која што ја обавуваше тој досега ја презема некогашниот тренер на ФК Вардар и селектор на репрезентацијата на Македонија, Ѓоко Хаџиевски.

ФК Вардар во првите три кола од овогодинешниот шампионат има три порази и се наоѓа на последното место на ПМФЛ табелата. Поразите од Брера, Шкупи и Воска звучат лошо, но јавноста не надева дека со новиот тренер, нештата ќе тргнат на подобро.

Ова значи дека, како што и самиот најавил во интерните клупски разговори дека Бобан Бабунски, човекот кој го водеше Вардар на гостувањето во Охрид, кај Воска, дека тоа го стори само за еден натпревар, а потоа се повлекува.

 

ПретходноОдбојкарите се враќаат на тренинг, следува финалната недела од подготовките за ЕП 2023
СледноБерарди го замолил првиот човек на Сасуоло да го продаде во Јувентус