Кој ли само можеше да претпостави во таа 90+1. минута при резултат 1:0 за Работнички, дека Шкендија не само што ќе се спаси од пораз туку и ќе победи? Веројатно никој.
Но ете се случи чудо, се случи Шкендија со головите на Дита и Красниќи во 90+1. И Дита во 90+6 минута да постигнат два гола и со тоа да го “расплачат“ Работнички и да донесат голема победа на својот тим.
По овој триумф сега Шкендија е единствена непобедлива екипа во новата сезона, сега само Шкендијае перфектна со четири од четири и сега Шкендија е лидер на табелата.
А еве како изгледа табелата:
Шкендија 12 (-1), Брера 12, Брегалница 9, Шкупи 8, Тиквеш 7, Силекс 6, Работнички 6, Македонија ЃП 5, Воска (-1) 4, Струга ТЛ (-2) 3, Гостивар 3, Вардар (-1) 1 бод…