Дориан Бабунски е пред трансфер во Грасхоперс

241

Унгарските медиуми денеска пишуваат дека македонскиот репрезентативец Дориан Бабунски е пред трансфер во швајцарскиот прволигаш Грасхоперс. Бабунски вчера не беше во составот на Дебрецин за мечот со МТК во домашното првенство, што дава индикации дека трансферот во Швајцарија е веќе завршена работа.

Бабунски ќе си замине од Дебрецин по само една и пол година, откако му се приклучи на клубот во јануари 2022 година. Претходно играше за бугарски Ботев Враца.

Минатата сезона Бабунски беше избран за најдобар фудбалер во Дебрецин.

ПретходноСтартува Евроволеј 2023: Македонија во среда против Данска почнува на историското Европско!
СледноИскуството си го направи своето – максимални победи на „Алкалоид“