„Време е да речам стоп. По 30 исклучителни, величествени години. Ова е една прекрасна приказна. Никогаш немаше ни да замислам дека може да имам ваква прекрасна професионална историја“, вели 62-годишниот стратег.
Со Монпеље двапати ја освои Лигата на шампионите, има 14 титули во Франција, уште 13 Купа на Франција и 12 Лига Купови. Во 2018 година, кога Монпелје го победи Вардар во полуфиналето, а потоа преку Нант стигна до титулата во Лигата на шампиони беше прогласен за тренер на годината.