Шкендија со најдобар старт во ПМФЛ во клупската историја!

390

По невидениот дебакл во Европа, кога беа елиминирани уште во 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции, фудбалерите на Шкендија и тоа како играат добро на стартот во новата сезона во ПМФЛ. По четири одиграни средби, дербито од 2.коло со Струга ТЛ беше одложено, четата на стратегот Ардијан Нухиу заблежа четири победи. Па така со 12 бода сега тетовци се на делба на првото место на табелата со Брера Струмица, екипа која одигра пет средби и има еден пораз. Додека Шкендија засега е непобедлива.

Овој старт, овие четири од четири се најдобриот старт на Шкендија во нејзината клупска историја кога станува збор за настапите во ПМФЛ.

Шкендија досега во нејзината 44 годишна историја има 4 титули, два купа и еден Суперкуп.

Се разбира како најбогат клуб во ПМФЛ, поточно клуб со најголем буџет и оваа сезона ќе се оди на титулата. Досега Шкендија славеше со Воска 1:0, Тиквеш 2:1, Брегалница 2:0 и Работнички 2:1.

Шкендија досега во ПМФЛ никогаш порано, како во оваа сезона, нема ваков старт, немала четири победи во првите четири одиграни натпревари.

Во сабота Шкендија во супер дербито на 6.коло, го дочекува Шкупи. Ете шанса за пет од пет.

ПретходноПрвиот човек на европската одбојка е во Скопје: Боричиќ гостин на отворањето (ФОТО)
СледноУЕФА со кампања „Биди судија“ – за оние кои сакаат да работат како фудбалски судии