ЕХФ парично ја казни Кристина Неагу

177

Европската ракометна федерација ја казни легендарната Романка Кристина Неагу поради лошо однесување и грубите зборови кои ги упати до судиите на четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите на ЕХФ минатата сезона помеѓу ЧСМ Букурешт и Есбјерг.

Казната изнесува 4.000 евра, а половина од сумата се врзува условно, доколку слично однесување се повтори и следната година.

Романката која беше дел од златната генерација на Будуќност од Подгорица која владееше со Европа, ќе мора да внимава на својот јазик и однесување.

ПретходноРФМ ги исплати премиите на сениорската и кадетската репрезентација
СледноКлоп тврдеше едно, Арапите велат друго: Салах наскоро потпишува договор!