Македонската репрезентација до 21. година за претстојниот дуел со Холандија на домашен терен кој се игра на 12 септември ќе биде посилна за стоперот на Тиквеш, Имран Фетаи.
Тој и досега беше на поширокиот список на млади репрезентативци, а по победата над Шведска синоќа, ете стручниот штаб на чело со селекторот Драган Канатларовски одлучи да му упати дополнителен повик.
Нашата млада репрезентација денеска се враќа од Шведска, слетува во 16:00 часот и ќе го следи во живо дуелот против Италија вечерва на Арената Тодор Проески.










