Ф4 турнирот од Евролигата и следната година во Германија

79

Германија ќе биде домаќин на Ф4 турнирот во Евролигата и следната сезона. Според потврдата која пристигна од Евролигата, завршниот турнир од новата сезона од Келн се враќа во Берлин.

„Главниот град на Германија по третпат ќе биде домаќин на Фајнл-фор турнирот од Евролигата, бидејќи кошаркарската Евролига го враќа настанот во прекрасната Арена „Мерцедес-Бенц“ во Берлин викендот од 27 до 29 мај 2022 година. Градот Берлин беше извонреден партнер и во претходните сезони 2009 и 2016 година, и веќе ги започна фазите на планирање на придружните настани следната година, вклучително и на церемонијата на доделувањето на наградите. Германија ќе стане првата земја домаќин на Фајнл Форс во две последователни сезони, по изданието во 2021 година во Арената „Ланксес“ во Келн“, велат од Евролигата.

ПретходноСерхио Рамос официјално претставен во ПСЖ
СледноШкупи чека „Европска“ победа повеќе од две децении