Пирло пред отказ во Сампдорија?

172

Три порази во три домашни натпревари и веќе почна да се зборува за отказ за Андреа Пирло на клупата на Сампдорија. Вчерашниот пораз од Читадела го зголеми незадоволството кај навивачите на тимот од Џенова кои гласно ги исвиркаа фудбалерите.

„Спортмедиасет“ пишува дека за денеска е закажан итен состанок меѓу првиот човек во тимот Радрицани и Пирло за да се направи анализа на она што се случува во клубот, кој имаше амбиции експресно да се врати во Серија А. Ако нешто не се промени резултатски во тимот, Пирло најверојатно нема да ја дочека следната недела на клупата на Самп.

Прило има договор до 2025 година, но отказ не му бега ако не победи на следниот меч со Парма на гостински терен.

ПретходноНадал испрати порака до Ѓоковиќ: Мислам дека е малку опседнат!
СледноЛембанов: Почнавме според планот со две победи, во иднина ќе играме уште подобро