Македонецот блеска: Димитриоски во тимот на колото во АСОБАЛ-лига

185

Македонскиот интернационалец, Димитар Димитриоски се најде во идеалниот тим на второто коло во АСОБАЛ-лигата, а има и зошто. Тој во одигра одличен натпревар во дресот на Валјадолид против Пуерто, постигна шест гола во исто толку обиди, додека неговиот тим славеше со убедливи 33-26.

По една ваква партија немаше дилеми, беше избран за најдобро лево крило во Шпанија за второто коло.

Валјадолид сезоната ја почна со две победи во исто толку одиграни натпревари.

ПретходноТешките денови се минато, Костадинов се враќа на терените
СледноАдвокатскиот тим на Новак со порака до сите во регионот: Бидете внимателни!