Секс видеото со играчите на Реал Мадрид е снимено на сепаре на плажа

964

Четворицата играчи на Реал Мадрид кои неодамна беа уапсени поради производство и дистрибуирање на секс видео клип со малолетна девојка изнајмиле специјално штанд на луксузна плажа во Гран Канарија за оваа намена. Таму три од нив имале секс со две девојчиња, од кои едната малолетна кои на крајот поднеле пријава против нив, открива „ОК Диарио“. Станува збор за играчи од вториот и третиот тим на „белите“ – Раул Асенсио (20 години, дефанзивец) од Реал Мадрид Кастиља, како и оние кои настапуваат за Реал Мадрид „Ц“ Феран Руиз (20 години, дефанзивец), Хуан Родригез (20 години, дефанзивец) и Андрес Гарсија (20 години, напаѓач). Ниту еден од нив нема натпревари за првиот тим.

Сите тие се повикани на рочиште на суд кое ќе се одржи на 8 ноември. Според доказите што ги собрале, само Асенсио немал секс со девојките. Останатите тројца се обвинети за секс со малолетничка, а вкупно четворица се обвинети дека дистрибуирале секс видео без дозвола на малолетното девојче. Ова е направено со помош на апликацијата WhatsApp.

Медиумите во Шпанија хронолошки го опишаа настанот од самиот старт односно од моментот кога фудбалерите заминале на одмор на Гран Канарија.

Раул Асенсио се јавил и го резервирал сепарето број 105 на плажата „Анфи дел Мар“ на „Клуб Амадорес“ во Лас Палмас, за што беа уплатени 600 евра.

Потоа четворицата со авион заминале за Гран Канарија и пристигнале на местото на 15 јуни. Пријател на Раул Асенсио донел две девојчиња таму. Дотичните девојки брзо го „скршиле мразот“ со играчите и набрзо работите се претвориле во секс. Според сведочењето, Феран Руиз бил тој што на својот телефон го снимил малолетното девојче како има секс со еден од Хуан Родригез и Андрес Гарсија. Во тоа време Раул Асенсио бил надвор од сепарето со својот пријател кој ги донел девојчињата. Последните двајца тогаш воопшто немале секс со девојките.

Подоцна, кога сексот завршил и целото друштво било заедно, девојките ги забележале момчињата како гледаат нешто на нивните телефони. Брзо разбрале за што се работи и побарале бришење на клипот. Сепак, фудбалерите одбиле да го сторат тоа.

Месеци подоцна, еден од играчите се сретнал со неговиот пријател Даилос. Фудбалерот му кажал што се случило и самиот сакал да му ја покаже снимката од неговиот телефон. Во сведочењето во полиција, Даилос рекол дека на снимката видел како еден од играчите има однос во малолетното девојче, но видел и како другата девојка има орален секс со друг од фудбалерите.

Неколку недели по средбата помеѓу Даилос и фудбалерот, Даилос започнува романтична врска со малолетната девојка од клипот. Потоа и кажува што видел. После тоа самото девојче и нејзината мајка одат во полиција и поднесуваат пријава.

Реал Мадрид веќе најави дека инсистира на темелна истрага и е подготвен за соработка. На 8 ноември четворицата играчи ќе бидат сослушани преку видео конференција.

 

ПретходноНевидена бламажа на славниот Дик Адвокат…ќе го памети Зрински засекогаш!
СледноМакедонија со пораз стартуваше во Лигата на Нации!(ФОТО)