Фановите го бараат Халилхоџиќ за селектор на БиХ, а Сојузот во преден план го има Милошевиќ!

150

Како гром од ведро небо попладнево од БиХ дојде веста дека првите луѓе на Фудбалскиот сојуз на БиХ, имаат намера селекторската палка да му ја предадат на легендата на Партизан, Саво Милошевиќ, откако пред два дена дојде до разделба со Мехо Кодро. Чудно ако се знае дека цела јавност, па сите фанови на репрезентацијата го бараат Вахид Халилхоџиќ. Но сепак се чини дека Милошевиќ е прв пик и со него веќе почнале преговорите.

Велиме чудно, иако Милошевиќ е роден во Бијелина (БиХ), ако се знае за неговите политички ставови во последно време во однос на Слободан Милошевиќ, екс претседателот на Србија и еден од “најзаслужните“ за сите војни што се случија пред три децении на овие простори.

Токму затоа оваа вест за Саво Милошевиќ, во БиХ е дочекана како шок.

ПретходноРоналдо, Брозовиќ и останатите звезди во спот по повод националниот празник на С.Арабија (ВИДЕО)
СледноНевидена бламажа на славниот Дик Адвокат…ќе го памети Зрински засекогаш!