Македонија со пораз стартуваше во Лигата на Нации!(ФОТО)

864

Македонија – Бугарија 0:1 е епилогот од првиот меч во Лигата на Нации, во сегментот Ц во групата 5, кој се одигра на теренот на ФФМ попладнево во Скопје. Нашите девојки иако посакуваа, иако се трудеа сепак на крајот мораа да им честитаат на најдобрите фудбалерки на Бугарија на победата.

Бугарија поведе со голот на Станкова и тоа многу рано, во 4.минута. Тоа беше момент кој ги одреди настантите на теренот во подоцнежната фаза од мечот. Во тој период од натптреварот гостинките беа подобри, а ние преку Максути имавме идеална шанса во 40.минута,но таа шутираше за малку покрај голот на Бугарките. Тоа беше повеќе од зицер,но сепак Максути не успеа да израмни.

Во првиот дел од второто полувреме Андонова и другарките тргнаа поддлучно, упатија и неколку закани, но сепак немаше гол. Како што одминуваше времето гостинките се повеќе ја исконтролираа играта, а имаа и убави шанси пред голот на нашата голманка Панчурова која мораше да интервенира, односно да даде се од себе за да не прими втор гол.

Вториот меч во ова натпреварување, Македонија ќе го одигра дома со Косово, селекција која е исто така во нашата група, и тоа на 27 октомври. За да потоа следат двете гостувања во Бугарија и Косово.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

ПретходноСекс видеото со играчите на Реал Мадрид е снимено на сепаре на плажа
СледноМарио Врдољак: Брера го игра најдобриот фудбал во Македонија!