Македонскиот репрезентативец Филип Талески постигна два гола во победата на Бенрфика на мечот со Гаиа во новото коло од португалското првенство. По ремито со Повоа Варзим во минатото коло, Бенфика успеа да обезбеди сигурна победа против Гаиа од 34:25.
Талески и Бенфика во следната рунда ќе се сретнат со Аванка на домашен терен на 27 септември.
Порто, пак, на нашиот Никола Митревски исто така немаше проблеми на домашен терен против екипата на Виторија. Домашните славеа со високи 39:26.