Пелистер го чека нова тешка задача во Лигата на шампиони. Македонскиот првак утре во салата „Боро Чурлевски“ го пречекува Кил во меч од третото коло ова ова натпреварување.
Зад ракометарите на битолската гордост се два порази, од Колстад и Алборг, па во овој град сите сонуваат за првиот триумф во ЛШ. Кил е невозможна мисија, но изненадувањата никогаш не можат да се предвидат, особено кога се игра пред одлична атмосфера.
Па токму затоа и утре се очекува салата да биде исполнета до последно место, а за тоа говори и апелот на Пелистер до навивачите да побрзаат да си обезбедат билет бидејќи во слободна продажба има уште малку.