ПМФЛ: “Лавовите“ ја “решија“ Брера Струмица, струмичани и дефинитивно се во криза! (ФОТО)

375

Македонија ЃП во првиот меч од 9.коло во ПМФЛ,попладнево во Ѓорче, со 1:0 ја совлада Брера Струмица. Победничкиот гол беше дело на Јован Попзлатанов во 44.минута.

Генерално заслужена победа на “лавовите“, а Брера Струмица и дефинитивно е во криза. Ова е петти меч во серија на кој тие немаат победа. Ни од далеку не е ова Брера Струмица од првите четири кола кога знаеја само за победи.

Мечот го “отвори“ Попзлатанов со шут кон Алчевски, но немаше гол. Следуваше шансатана Алексовски,исто за домашните, и сега немаше гол. Малески во 40.минута беше во опасна ситуација пред голот на домашните,но Илиевски во последен момент спасува.

Икога се чинеше дека на пауза ќе се оди без голови, во таа 44.минута по една добра акција на “лавовите“, Попзлатанов од втора го совлада голманот на струмичани за водство од 1:0.

Во второто полувреме гостите тргнаа поодлучно, ја отворија играта струмичани, а веќе во 46.минута Малески за малку ќе изненадеше Стевковски. Петнаесет минути подоцна пак тој Малески шутираше, но сега за малку покрак голот на “лавовите“кои имаа многу среќа во овие моменти.

Брера Струмица постијано се обидуваше да дојде до израмнување, играта речиси целосно се префрли на домашната половина, а “лавовите“ преку контри посакуваа да стават точка на победата.

Во 82.минута Стевковски со фантастична одбрана го спасува својот гол по центаршутот на Врдољак. Малку недостигаше Брера да израмни.

 

 

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.No description available.

No description available.

 

ПретходноЕтеми го постигна првиот гол сезонава во турската Супер лига (видео)
СледноРајковиќ и ЦСКА победнички ја отворија сезоната во ВТБ лигата