Штипјани не забораваат: Брегалница му врачи специјален дрес на Гачевски!(ФОТО)

665

Познато е дека штипјани важат за вистински спортсмени, тие ги респектираат спортските достигнувања, а посебно кога станува збор за играчите на Брегалница, но и оние кои порано играле во тој клуб.

No description available.

Па така денеска во пресрет на дуелот Брегалница – Вардар, од таборот на “сините“ му врачија специјален дрес на својот некогашен голман, a сега член на Вардар, Филип Гачевски, кој пред осум години во сезоната 2014/15,токму во дресот на Брегалница го постави рекордот од 912 минути без примен гол.

Така треба, се разбира дека и Гача искрено им се заблагодари.

ПретходноПрва победа на Дармштат и тоа против Вердер! (ВИДЕО)
СледноОва е спектакл: Досега невидена кореографија на “Торцида“ на мега –дербито Хајдук – Динамо!