Андреа Пирло има уште многу да учи кога станува збор за тренерскиот „занает“. Некогашниот фудбалер, човекот со завидни фудбалски техники од кого се плашеа сите противнички голмани, сега не сее страв како порано.
Слабо му тргна со Јувентус, минатата сезона заврши како седми, иако имаше добар тим.
И оваа сезона ја почна очајно со Сампдорија, неговиот тим се наоѓа на претпоследното место во Серија Б, има пет порази, нешто што не се простува така лесно.
Токму поради ова, веќе во италијанските медиуми се најавува дека на Пирло му се заканува отказ после осум одиграни кола. Следниот меч е против Асколи, доколку не успеа да оствари позитивен резултат нема да биде чудо ако дојде до промена на клупата на Сампдорија.