Раул му откажал на Шалке 04

143

Легендарниот напаѓач на Реал Мадрид и шпанската репрезентација Раул Гонзалес одбил понуда да ја преземе тренерската функција во Шалке 04, соопштува „Спорт Билд“. Раул кој играше за клубот од Гелзенкирхен во кариерата, во моментот е тренер на вториот тим на Реал Мадрид – Кастиља.
Според информацијата на „Спорт Билд“ Раул добил понуда од Шалке но проценил дека сега не е момент да го напушти „Бернабеу“ и да оди во второлигашот. „Сините“ се наоѓаат на 16 место во Цвајте со седум бодови од осум кола. Слабите резултати допринесоа разделба со тренерот Томас Рајс, а на негово место дојде Матијас Кројцер.

ПретходноБоби Митев тргна победнички во Скопје, следна „мета“ е Работнички
СледноЗлатан само едно нешто им забранува на своите деца!