Трет гол на Мишов во грузискиот шампионат

150

Македонскиот интернационалец Александар Мишов го постигна единствениот гол во ремито на неговата Самтредија на гостувањето кај Телави во 28.коло на најсилното грузиско првенство.
Телави имаше водство на полувреме, а гостите изедначија преку голот на Мишов од пенал во 61 минута. Интересно, пет минути претходно неговиот соиграч Абуладзе не погоди од белата точка за уште порано да го изедначи резултатот.
Инаку поранешниот играч на Тиквеш го постигна третиот гол сезонава за Самтредија во деветтиот настап. Претходно им даде голови на Шукура и на Самгурали.

ПретходноВаран: Манчестер Јунајтед e доволно добар за да ја освои ЛШ
СледноКоментар на 9.коло: Сите мислевме дека Брегалница лесно ќе победи, ама….Вардар си “лапна“ бод!