Луис Алберто во Лацио најверојатно до пензионирање

68

Лацио денеска го продолжи договорот со Луис Алберто, овозможувајќи му на играчот од средниот ред нов четиригодишен договор со кој ќе остане во Рим до 2027 година.

Луис Алберто со овој нов договор доѓа веројатно до ситуација кариерата да ја заврши во составот на „лацијалите“. За 31-годишниот играч за врска овој нов договор на четири години, ќе значи дека тој ќе остане во Рим се додека не наполни 35 години. Шпанецот му се приклучи на клубот од италијанската престолнина во 2016 година, кога дојде од Ливерпул, па сега е на чекор до останување во Италија до крајот на својата кариера.

Од неговото доаѓање, тој стана витален дел од успесите на тимот, кои вклучуваат триумф во Копа Италија и две титули во Суперкупот.

ПретходноГи победија Јуве и Интер, па вечерва загубија дома од Монца (ВИДЕО)
Следно„Ел Паис“: УЕФА од 2027 година почнува со Суперлига каква што бараа најбогатите клубови!?