Земјотрес под Везув, ама вистински: Елмас и Наполи ги дочекуваат “кралевите“! (ВИДЕО)

425

 

Вечерва се играат осум натпревари од 2.коло во Лигата на Шампионите и тоа во групите А, Б, Ц и Д. Секако дека најинтересно се очекува да биде на “Диего Армандо Марадона“ каде нашиот Дијамант и Наполи го дочекуваат Реал Мадрид. Секако дека ова ќе биде спектакл.

Сепак ноќеска во пресрет на вечерашниот меч Неапол и околината го погоди земјотрес со јачина од 4,2 според Рихтер. Секако непријатност за сите па и за играчите на двете екипи.

Во Милано пак Интер ја дочекува Бенфика, ова е еден од дерби мечевите во 2.коло. Јунајтед на “Олд Трафорд“ игра со Галатасарај, Арсенал гостува кај Ленс.

 

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА

ГРУПА – А

Манчестер Јунајтед – Галатасарај (21:00 ч)

Копенхаген – Баерн Минхен (21:00 Ч)

ГРУПА – Б

ПСВ – Севиља (21:00 Ч)

Ленс – Арсенал (21:00 Ч)

ГРУПА – Ц

Унион Берлин – Брага (18:45 Ч)

Наполи – Реал Мадрид (21:00 Ч)

ГРУПА – Д

Салцбург – Сосиедад (18:45 Ч)

Интер – Бенфика (21:00 Ч)

ПретходноСкандал: “Перез подмитуваше судии уште пред Барса тоа да го прави, но тој е недопирлив“….Реал возврати со тужба!
СледноСо донација од ФФМ се поставува нов, најсовремен терен на Арената! (ФОТО)