Атлетико Мадрид дојде до првата победа во групата –Е во ЛШ. Во рамките на 2.коло, вечерва на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид, тимот на Диего Симеоне успеа со 3:2 да слави на Феенорд. Драматичен меч во кој гостите двапати водеа со 0:1 и 1:2, но Мората во два наврати и Гризман му донесоа победа на својот тим, иако реално голманот на “Јорганџиите“ Јан Облак одбрани барем три зицери на тимот од Холандија.
Во Белгија, во Антверпен одличен меч со фантастичен пресврт. Домашните по првото полувреме водеа со 2:0, но тогаш Шахтјар за само 28 минути ја сврте и дојде до 3:2, односно до победа од 2:3 на гости кај Антверпен. Двапати Сикан и еднаш Ракитски беа хероите на тимот од Украина.
И да биде уште поинтересно, во 90+7.минута домашните не реализираа пеналза 3:3, имено Алдевеиредел успеа да го промаши целиот гол за голема радост на гостите.