Две драми со продолженија: Победи за Фенер и Олимпијакос

78

Кошаркарите на Фенербахче по продолжение го победија Армани Милано со 85:82 во еден од двата супер-интересни дуели во првото коло од Евролигата вечерва. Иако одигра одлична партија, ѕвезденото засилување за Армани, Никола Миротиќ со 24 поени не беше доволен за триумф на Италијанците.

Херој на Фенербахче беше Скоти Вилбекин кој постигна 19 поени, а Марко Гудуриќ мечот го заврши со 15 поени.

Во продолжение отиде и дуелот меѓу грчките ривали Панатинаикос и Олимпијакос. Откако во регуларниот дел мечот заврши 74:74, а Панатинаикос загуби топка за напад за победа, во дополнителните 5 минути многу подобра игра на Олимпијакос кој на крајот дојде и до убедлива победа од 78:88.

Слукас со 20 поени беше најефикасен на мечот и кај ПАО, додека кај Олимпијакос Петерс и Вакуп постигнаа по 17 поени.

Реал (М) успеа во последната четвртина да дојде до пресврт и победа на гостувањето кај Басконија. „Кралевите“ на крајот славеа со 79:77. Победа на домашен терен оствари Валенсија која славеше над Монако со 70:65.

ПретходноПознати сите учеснички на завршниот ВТА турнир во Канкун
СледноБорусија (М) поведе, па потоа се бореше за реми (ВИДЕО)