Конечно се најде јунак да ја прекине победничката серија на Шкупи, односно на новиот стратег на чаирчани, Младен Жижовиќ. Дуелот Тиквеш – Шкупи, кој беше и доста контроверзен, посебно по реакциите на домашните на судњето на Јован Качевски, заврши со резултат 1:1. Па така нема пет од пет за Жижовиќ откако е тој тренер на Шкупи.
По мечот стратегот од БиХ истакна:
„Сакавме победа, нова во серија, но кога ќе се земе в предвид се она што се случуваше на овој натпревар во Кавадарци мораме да бидеме задоволни и со ремито, со бодот“ рече покрај другото стратегот на Шкупи.