Во жестока конкуренција со Шпетим Дуро од Струга ТЛ, сепак нашата редакција се одлучи за тренер на 10.коло во ПМФЛ да биде Горан Здравков од Брегалница. “Сините“ по пауза од месец и половина конечно успеаја да слават и тоа над силниот тим на Работнички.Тактички одлично поставена играта од страна на Здравков, така треба кога се игра против тим како што е Работнички. Сега сите во Брегалница и во фудбалски Штип се задоволни, а најмногу токму Здравков кој победата им ја посвети на фановите на Брегалница.