Јунајтед го плати 85 милиони евра, а сега сака да го продаде!

1697

Џејдон Санчо го напушта Манчестер Јунајтед. Како што пренесува Дејли Мејл, клубот сака што поскоро да се ослободи од него, кој поради недисциплина беше исфрлен од тимот. Идејата е да биде испратен на позајмица во текот на зимскиот преоден рок, но тоа нема да биде лесно бидејќи заработува неверојатни 300 илјади фунти неделно.

Јунајтед пред две години го донесе Санчо од Борусија Дортмунд во трансфер вреден 85 милиони евра и го врза на договор до летото 2026 година. Тој требаше да биде долгорочното клупско решение на левата крилна позиција, но денеска е само во позиција на промашена ѕвезда која тренира со играчи од клупската академија.

Сето ова настана откако посочи дека Тен Хег дал лажна изјава околу неговто залагање на тренинзите, велејќи дека неговата работа на тренинзите од првиот ден била соодветна и задоволителна и дека Тен Хег го прави жртвено јагне.

Санчо наводно не смее ниту да влезе во клупските простории, не тренира и не игра со првиот тим. Тен Хег го суспендираше на последните осум натпревари. Од фудбалерот се бара јавно да се извини, но тој се уште не го направил тоа, ниту ќе го направи, како што стојат работите.

Тен Хег изјави дека Санчо не е проблем само за него, туку и за играчите околу него, на кои лошо влијае со своето однесување. Холанѓанецот тврди дека атмосферата е подобра откако го отстрани англискиот напаѓач од тимот. Со или без Санчо, на Јунајтед му оди лошо во првенството, во овој момент се наоѓа на десеттото место.

ПретходноАлкалоид фуриозно низ Куманово!
СледноБекам би можел да се врати во Манчестер Јунајтед