ТФТ тргна со убедлив пораз АБА2-лига!

126

ТФТ тргна со пораз во АБА 2-лига, откако беше совладан од Златибор со убедливи 74-93. Македонскиот претставник чекорот го загуби на стартот на мечот поточно во првата четвртина која противникот ја доби со 22-33.

Во следните два периоди, избраниците на Боро Смилковски беа рамноправен противник (18-18 и 21-21), но тоа не беше доволно за пресврт. Во последните десет минути, Златибор доминираше брзо дојде до убедлива позитива која беше доволна за мирен финиш.

Николов запиша 17 поени, додека Луис имаше 11 поени.

Следната шанса за поправен тимот од Тафталиџе ќе ја има во среда кога ќе се сретне со Широки Бријег.

ПретходноБекам би можел да се врати во Манчестер Јунајтед
СледноАко ова не е наместена: Скандал во втората лига во Летонија! (ВИДЕО)