Актуелниот македонски првак по пауза од една сезона денеска и официјално се враќа во АБА2-лига. Кошаркарите на МЗТ Скопје за противник го имаат тимот на Цедевита, дуелот е последен на програмата (21 часот).
Предводникот на македонскиот првак, Васко Атанасов потенцира дека амбициите се кам-бек во АБА елитата. Верува дека има доволно сили на располагање за остварување на оваа цел.
„Средбите во Суботица ќе бидат одличен тест за нашата сила и квалитет со кој располагаме. Со амбиции за највисок пласман влегуваме во АБА2, која се игра забрзано, па речиси да немаме право на грешка. Против Цедевита јуниор ќе пробаме од стартот да го наметнеме ритамот и нашиот стил на игра и да го искористиме завидното искуство, кое многу ќе ни значи во ова натпреварување. Верувам во својот тим и во успешен старт на јадранската сезона“, изјави Атанасов.
Инаку вчера ТФТ стартуваше со пораз од Студенски Центар, а додека утре Пелистер ќе игра против Шенчур.










