Бабунски е нов помошник на Хаџиевски во С.Арабија

833

Уште едно заминување од таборот на ФК Вардар. Досегашниот директор на младинската школа на Вардар, и тренер на генерацијата, младинци, Бобан Бабунски замина во С. Арабија во пакет со доскорешниот спортски директор на клубот, Ѓоко Хаџиевски.

Спортспорт дознава дека Бабунски веќе е дел од тимот на Хаџер кој што е дел од второлигашката конкуренција во оваа земја.

Тоа значи дека, ФК Вардар останува без уште едно звучно име од оние кои што решија да бидат дел од новата структура која што раководи со клубот, и која што реши да му помага на клубот во овие многу тешки моменти.

Клубот се обиде да го оправда заминувањето на Хаџиевски со некакво си соопштение во кое се вели дека тој од С.Арабија и натаму ќе бил спортски директор, и ќе се обидел да помогне. Е сега, дали тоа ќе се случи и со Бобан Бабунски, не веруваме, затоа што да се биде директор на младинска школа на најтрофејниот клуб во Македонија од друг континент е тешко изводливо, а пак да се биде и тренер на младинците уште повеќе.

 

ПретходноПознато е каде фудбалскиот крем на Европа ќе се собере во 2028 и 2032 година
СледноСтанковски: Молдавија е најважниот меч за нас во овие квалификации