Младата фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 19 години го претрпе првиот пораз на квалификацискиот турнир во Полска за пласман во втората фаза од квалификациите за ЕП. По одличното отворање против домачќинот Полска и победата од 2:0, нашите млади надежи предводени од селекторот Тони Јакимовски, денеска загубија од апсолутниот фаворит во групата, Германија, со 3:1.
Цврстото прво полувреме не донесе погодоци, но кусо по стартот на вториот дел, Германија дојде во водство со голот на Пејчиновиќ во 57. минута. Само 6 минути подоцна ние возвративме. Ѓорѓиевски погоди за израмнување на 1:1.
Сепак, резултатот остана израмнет само 4 минути. Во 67. минута Бишоф со својот прв гол ја донесе Германија во водство од 2:1, а истиот фудбалер во 75. минута ги постави и конечните 3:1.
За нас одлучувачки останува мечот со Казахстан во вторник. Ако славиме ќе обезбедиме место во втората фаза од квалификациите за ЕП.