Македонија поразена со 2:0 се враќа од Прага. Македонија одигра добро шротив Украина, имавме голем број шанси за многу подобар резултат од тие 0:2, но сепак на крајот сме поразени од клвалитетниот состав на Украина.
По мечот на прес конференцијата, покрај другото нашиот селектор Благоја Милевски истакна:
„Честитки за двете селекции што покажаа на теренот. Мислам дека сите што беа на стадионот уживаа, затоа што двете селекции покажаа дека играат добар фудбал. И по таков примен прв гол успеавме да се вратиме. На почетокот на вториот дел направивме некои системски измени, имавме шанси кои за жал не ги искористивме, а кога нема да се искористат шансите, неминовен е поразот. Секогаш пред мечот имам план А. Ако тој не функционира, имаме план Б, план Ц. Примивме еден несреќен гол, но потоа брзо реагиравме и имавме неколку шанси за погодок. Разочаран сум најмногу од резултатот“, рече селектоторот.
До крајот на овие квалификации остануваа уште два меча, со Италија на гости и со Англија дома, во тој ноемвриски циклус.
„Остануваат уште два меча против Англија и Италија. Останува да играме фудбал и ќе видиме што ќе ни донесе тоа.“